Барди: Никогаш не се откажуваме, ремито со Атлетико е голем мотив за Леванте

Енис Барди за првпат по речиси два месеци беше стартер за Леванте, а токму македонскиот репрезентативец беше најзаслужен за ремито од 2-2 против шампионот Атлетико Мадрид. Нашиот интернационалец ги постигна двата гола за Леванте со прецизни удари од белата точка, од кои вториот во самиот финиш од супердраматичниот дуел.

Леванте се наоѓа во криза, нема победа од стартот на сезонава (шест реми и пет порази), но Барди е оптимист дека токму овој дуел со Атлетико ќе биде пресвртница за неговиот тим.

„Пресреќни сме по ова реми. Се наоѓавме во лоша серија, двапати губевме од шампионот Атлетико, но овој тим никогаш не се предава, го покажавме тоа многу пати низ годините, го потврдивме и на овој меч. Јас ги дадов головите, но ремито е резултат на исклучителниот тимски настап. Ремито е многу значајно и поради освоениот бод, но и поради самодовербата што ќе ни ја даде. Ова ќе биде голем мотив за уште подобри резултати во наредниот период“, изјави Барди.

Се вчитува...