Барди ниту самиот не знае како даде гол против Карагумрук (ВИДЕО)

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија е најдобар поединец на својот Трабзонспор по првото полувреме на домашен терен против Карагумрук во меч од 29. коло од турската лига.

Гостите во 14. минута поведоа со 0-1 со погодокот на Маркао. Нашиот капитен во 32. минута донесе израмнување на малку среќен начин, откако неговиот удар, погоди еден од противничките фудбалери и на чуден начин влезе во голот на искусниот Салваторе Сиригу.

 

Се вчитува...