Се поизвесно е заминувањето на Енис Барди од таборот на Леванте уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите од Шпанија, Македонецот веќе побарал да биде продаден уште во јануари, а и тимот од Валенсија ако сака нешто да заработи, ќе треба сега да се реши да го стави на трансфер листа и да бара купувач.
Вчера се појави информација дека Милан со пет милиони евра тргнува по услугите на Барди, а Леванте наводно барал 9 милиони за услугите на играчот од средниот ред.
Денеска, пак, шпанските медиуми брифираат дека и Реал Бетис се интересира за Барди и сака да го донесе во своите редови. Исто така има информации дека меѓу заинтересираните се Торино и Олимпик Марсеј. Минатата недела, пак, се појави информација дека и англискиот Фулам е меѓу оние кои сакаат да го видат Барди во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА