Барди почна со тренинзи, повредата не е сериозна

Енис Барди ќе биде подготвен за натпреварот против Косово, доколку истиот се одигра според планираното на 26 март, откако беше обелоденето дека повредата на македонскиот репрезентативец заработена на дуелот со Гранада не е од посериозен карактер.

Барди го повреди скочниот зглоб на десната нога, но тој веќе денеска почна да тренира со Клерк и Мирамон, уште двајца фудбалери кои се враќаат по паузата поради повреди. Иако не работеа со остатокот од тимот, лекарскиот тим е оптимистички расположен дека Барди и двајцата соиграчи ќе бидат подготвени за следниот дуел од Ла Лига, градското дерби против Валенсија.

Ова е добра вест и за македонскиот селектор Игор Ангеловски, со оглед на фактот дека има сосема доволно време за Барди целосно да се рехабилитира и максимално подготвен да го дочека дуелот со Косово, закажан за 26 март.

Се вчитува...