Барди: Првпат плачев на терен после голот со Џирона и обезбедениот опстанок

Македонскиот репрезентативец Енис Барди во интервју за клупската телевизија на Леванте открива какви емоции имал по постигнувањето на победничкиот гол против Џирона и триумфот со кој клубот обезбеди опстанок во елитното шпанско фудбалско друштво. Тој за првпат заплакал на фудбалски терен.

„Ова беше првпат да плачам на терен. Ме облеаја огромни емоции. Тоа е момент кој нема никогаш да го заборавам. Знам колку напорно работевме сите во Леванте и знам дека заслуживме да останеме во елитата. И потоа едноставно се опушташ и уживаш во моментот“, изјави Енис Барди.

Во последното коло, в сабота во 13 часот, Леванте на домашен терен ќе го пречека составот на Атлетико Мадрид.

 

 

Се вчитува...