Барди: Сакам да останам во Леванте, ова е мојот дом

Леванте заигра одлично во клучниот дел од сезоната, па тимот на нашиот Енис Барди се наоѓа многу блиску до обезбедување на опстанок во шпанското елитно друштво. Македонскиот репрезентативец останува желба на неколку клубови ширум Шпанија, но желбата на Барди е јасна – да остане во Леванте уште најмалку една година.

„Клубот е тој кој решава, но моја желба е да останам во Леванте. Неодамна потпишав нов договор, ова е мојот дом и воопшто не размислувам за заминување. Ме радува што заиграме најдобро кога беше најважно, се надевам дека ќе ја финишираме сезоната во ист стил и ќе останеме во Примера, бидејќи со игрите го заслужуваме тоа“ – истакна Барди.

Македонецот минатиот викенд по подолго време се запиша меѓу стрелците запечатувајќи ја победата над Рајо Валјекано.

„Не ми беше опсесија, но фудбалот се игра за голови и секако дека бев среќен кога конечно постигнав гол. Се надевам дека нема да ми биде последен сезонава“ – порача Енис Барди.

Се вчитува...