Барди: Се надевам следнава сезона ќе постигнам уште повеќе голови

Македонскиот репрезентативец Енис Барди со огромни амбици ја очекува и новата сезона во дресот на Леванте во шпанската Примера.

„Минатата сезона постигнав девет гола. Но, тоа беше моја прва сезона во Шпанија. Сега се надевам дека во новата ќе постигнам и многу повеќе“ – истакна Барди за шпанските медиуми по стартот на подготовките со тимот од Валенсија.

„Што се однесува до Леванте, посакувам следнава сезона да бидеме стабилен прволигаш и нема до самиот финиш да се бориме за опстанок во лигата. Јас моите најдобри денови во клубот ги имав по доаѓањето на Пако Лопес кој навистина ми даде вистинска шанса. Почнав да постигнувам голови и среќен сум што му помогнав на тимот. И кога не бев во преден план на Муњис јас воопшто не се разочарав. Напротив. Работев уште понапорно за да бидам од корист на тимот по враќањето“ – вели македонскиот репрезентативец.

Се вчитува...