Барди се повреди, ќе мора да паузира

Енис Барди ќе мора да отсуствува извесно време од терените, по повредата што македонскиот репрезентативец ја заработи на вчерашниот тренинг на Леванте. Клубот од Валенсија објави дека за среќа не станува збор за кинење, туку само за истегнување на мускулот, поради што паузата ќе изнесува најмалку две седмици.

Ова значи дека македонскиот интернационалец ќе ги пропушти натпреварите со Севилја и со Осасуна, а минимални се шансите тој да може да се појави во тимот за гостувањето против Барселона, закажано за 2 февруари.

Енис Барди сезонава настапи на 15 натпревари за Леванте, притоа постигнувајќи два погодоци. Тој влезе во игра во второто полувреме од саботниот дуел со Алавес, на кој Леванте неочекувано загуби на домашен терен со минимални 0-1.

Се вчитува...