Барди се повреди за Македонија сега ќе паузира за Леванте

Поведата на македонскиот репрезентативец Енис Барди со која се здоби на квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Романија ќе го одалечи играчот од средниот ред од терените на неодредено време.

Оваа информација ја потврди и неговиот клуб, Леванте кој во соопштението наведе дека Македонецот допрва ќе помине низ низа на медицински прегледи по кои ќе биде утврдена тежината на повредата и времето потребно за рехабилитација од истата.

„Играчот Енис Барди се здоби со повреда на тетивата во пределот на десната бутина. Играчот се повреди на последниот натпревар одигран со репрезентацијата на Македонија против Романија. Во овој момент не е можно да се одреди проценетото време на повлекување, така што играчот наскоро ќе подлежи на различни медицински контроли за да ја процени неговата еволуција“, стои во соопшението на Леванте.

Се вчитува...