Барди: Сега сме многу помудри, затоа има и резултати!

ЕКИПА во Торино, Италија

Никола Ѓуровски

Како по обичај е моторот во македонската репрезентација на средината од теренот… Енис Барди беше максимално активен и во големото реми против Италија кое носи нова надеж за сениорскиот репрезентативен фудбал по оние претходни дуели против Израел и против Албанија.

Барди вели дека сите во репрезентацијата сега играат далеку помудро, трпеливо и со што помалку грешки, што носи и резултати…

„Сега сме многу помудри и затоа доаѓаат и резултатите. Кога не правиме ние грешки тогаш и една Италија не може лесно да не добие. Одигравме квалитетно, ги затворивме во дефанзива, не се предадовме и по примениот гол, па на крај сосема заслужено стигнавме до израмнување. Сигурно задоволство е кога ќе одиграте најмалку рамноправен, ако не и подобар натпревар на гостински терен против една Италија“ – вели Енис Барди.

Се вчитува...