Барди: Секогаш му правиме проблеми на Реал Мадрид…

Енис Барди и Леванте ги очекува тежок предизвик во рамките од четвртото коло од „Ла Лига“, гостувањето против најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид (сабота, 13 часот). Реномето на противникот е мотив за секој фудбалер, но интересен е фактот дека откако Барди е член на Леванте, овој клуб не знае за пораз на „Сантијаго Бернабеу“ (лани триумфираше со 1-2, а пред две години стигна до реми од 1-1).

Токму ова им дава за право на Барди и соиграчите со оптимизам да влезат во утрешниот дуел во шпанската метропла.

„Знаеме колку познат стадион е „Сантијаго Бернабеу“, сите сакаме да играме и да се претставиме во што подобро светло таму. Секогаш му правиме проблеми на Реал, кога и да дојдеме во Мадрид постигнуваме најмалку по еден гол, се надевам дека тој тренд ќе продолжи. Нема да биде лесно, секој меч со Реал е исклучително тежок во текот на сите 90 минути, но се надевам дека повторно ќе освоиме бодови во Мадрид“ – истакна Барди.

Се вчитува...