Барди сервираше акција за триумф на Леванте, но Винисиус го спаси Реал од пораз (ВИДЕО)

Повеќе од драматичен натпревар меѓу Леванте и Реал Мадрид во 2. коло од Ла Лига кој на крајот заврши без победник, 3-3.

Реал Мадрид уште во 5. минута дојде до предност од 0-1 во Валенсија со голот на Бејл.

Но, потоа следеше пресвртот на Леванте со головите на Роџер и Кампања, за да Винисиус израмни на 2-2 во 73. минута за Реал.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди влезе во игра во 78. минута од средбата, за да по само една минута од влегување од слободен удар сервираше акција за гол на Робер Пиер и водство на Леванте од 3-2.

Но, Винисиус со својот втор гол во 85. минута ги спаси „кралевите“ од пораз за конечни 3-3.

Се вчитува...