Барди: Штета што не дадов гол, Куртоа беше одличен

Енис Барди не го крие разочарувањето што Леванте не успеа да приреди изненадување на пресметката со Реал Мадрид, уште повеќе што токму македонскиот репрезентативец ги имаше клучните шанси, но не успеа да го совлада Тибо Куртоа.

„Штета, имав две-три убави шанси, но не успеав да дадам гол. Куртоа дефинитивно се наоѓа во добра форма, одлични ги запре сите мои обиди. Имаме за што да жалиме бидејќи одигравме добар меч, но разликата беше во тоа што тие ги искористија своите шанси, а ние нашите не“, истакна Барди по мечот.

Македонскиот ас ќе се надева на повеќе среќа во репрезентативниот дрес, каде токму Барди ќе биде еден од главните адути на нашиот национален тим на дуелот со Косово во Лигата на Нации.

Се вчитува...