Барди си оди од Леванте, ако клубот испадне од Ла Лига

Македонскиот репрезентативец Енис Барди ова лето си заминува од шпански Леванте, доколку клубот не успее да обезбеди опстанок во Ла Лига.

Како што пренесува „Леванте ЕМВ“, за Барди не е опција останување во клубот доколку следната сезона се натпреварува во втората шпанска лига. Интерес за македонскиот фудбалер има од клубови од Шпанија, Италија и Русија па сосема извесно ќе замине од Валенсија. Последен во низата заинтересирани за Барди е Спартак Москва.

Барди во Леванте пристигна во јули 2017 година за само 1,5 милиони евра од унгарски Ујпешт. Има договор до 2023 година со Леванте, а Шпанците засега за добивање на неговите услуги бараат 25 милиони евра.

Се вчитува...