Барди со порака: Ајде момци, сите сме со вас браќа

Енис Барди поради повреда на последниот тренинг во Скопје отпадна од комбинација за денешниот дуел со Грузија, но асот на Леванте испрати порака со поддршка до своите репрезентативни колеги.

„До овде стигнавме затоа што го заслуживме. Уште еден чекор пред големиот сон на сите нас. Нема да можам да сум на терен со вас, но ќе наавивам до краја и ќе ве поддржам во секоја секунда. Ќе ја добиеме уште оваа. Ајде момци, сите сме со вас браќа“, порача Барди преку својот инстаграм-профил, објавувајќи заедничка фотографија од нашиот национален тим.

Се вчитува...