Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за премиерниот настап во Б дивизијата од Лигата на нации. Репрезентативците четири дена се подготвуваат во Скопје, за предизвиците што не очекуваат во овој прозорец и четирите натпревари во само десет дена.
А, почнуваме против Швајцарија меч кој е закажан за во сабота на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Капитенот Енис Барди го најави мечот со Швајцарците.
„Атмосферата е одлична, среќни сме што сме заедно, подготвени сме да дадеме се од себе. Како и секогаш, одиме на победа. Очекуваме навивачите да дојдат во голем број, за нас поддршката многу значи и верувваме дека и во овој натпревар ќе не турнат напред.
Сите нови играчи ги пречекавме со широко отворени раце, сите работиме заедно и сигурен сум дека можеме да бидеме добра група. Новите фудбалери кои се тука, ќе ни дадат една свежина“, изјави Барди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
