Барди стигна во Трабзон: Среќен сум што ќе играм во шампионски тим (ВИДЕО)

Енис Барди во следните неколку часа ќе биде промовиран во нов фудбалер на Трабзонспор. Македонскиот репрезнтативец попладнево стигна во Трабзон, каде што ќе треба да ги одработи медицинските прегледи, а потоа и да потпише.

Според информациите, Трабзон на Леванте ќе му исплати 8 милиони евра, и тоа во три рати за потписот на играчот од средниот ред.

„Многу сум среќен што ќе бидам дел од шампионски тим. Многу сум среќен што сум тука. Остануваат да ги средам сите детали и потоа да се видам со мојот нов тренер и моите нови соиграчи. Дојдов тука да го исполнам сонот за настап во Лигата на шампионите, и што поголеми успеси на европската сцена“, рече Барди.

Се вчитува...