Барди во хуманитарна акција, дели вечера за ифтар (ФОТО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди успешно ја заврши мисијата со Леванте во Ла Лига, обезбеди опстанок, а сега ќе се стави на располагање на селекторот Игор Ангеловски во националниот тим, за јунските квалификациски натпревари против Полска и против Австрија. Во меѓувреме, неуморниот Барди најде време да биде дел и од хуманитарна акција во Призрен, како гостин на познатиот косовски хуманист Халил Кастрати и подели вечера за ифтар.

Енис Барди оваа сезона постигна три гола и имаше четири асистенции за тимот на Леванте. Еден од погодоците беше многу важен, во директниот дуел против Џирона за опстанок во шпанската фудбалска елита.

Се вчитува...