Барди во најдобриот тим во мундијалските квалификации и во ТОП 5 изненадувања

Импресивните партии во мундијалските квалификации, го пласираа фудбалерот од средниот ред на Македонија, Енис Барди во друштво со најдобрите, гледано според сите статитички параметри. Играчот на Леванте беше најдобар кога беше најпотребно. Блесна против Ерменија со „хет-трик“, потоа со Исланд беше еден од најдобрите. Во другите мечеви, асистираше на Пандев во големиот триумф на Македонија над Германија.

Фудбалскиот сајт „whoscored” го смести во идеалните 11 во мундјалските квалификации заедно со Мегвајер, Ван Дајк, Тадиќ, Меле, Левандовски, Кејн, Депај…

Барди е со оценка 7.82. Најдобриот е Мемфис Депај кој имаше импресивни квалификации и оценка 8.67. Интересно е што голманот на Лихтенштајн Бенџамин Бухел е голман на квалификациите, но тоа е поради тоа што имал 15 одбрани повеќе од второпласираниот голман, односно собрал најголем број одбрани во текот на сите натпревари.

Воедно, сајтот „sportskeeda“ го издвои Енис Барди како едно од петте најголеми изненадувања во мундијалските квалификации. Тој се најде на четвртото место позади Ислам Слимани од Алжир кој се најде на првото место, потоа Александар Митровиќ од Србија кој се најде на второто место, а на третото место заврши Алексис Санчез од Чиле.

Се вчитува...