Барди во тимот на колото во Шпанија

Победата над Мајорка и асистенцијата за првиот гол, му донесоа на Енис Барди да се најде во најидеалниот тим на колото во Ла Лига во 20. коло. Барди беше стартер на натпреварот, и играше до 85. минута. На крајот неговиот тим славеше со 2-0.

Тоа, воедно беше и прв триумф на Леванте во Ла Лига во сезоната. Освен него, во иделаниот тим се најдоа и двајца негови соиграчи: голманот Фернандез и стоперот Везо.

Во идеалниот тим се најдоа и Бензема, Винициус Жуниор, Моренте, Белерин, Алварез, Акуња…

Се вчитува...