Македонците продолжуваат да го одбележуваат 11. коло на шпанското првенство. Откако Столе Димитриевски вчера и одбрани пенал на Барселона, денеска Енис Барди беше сигурен од белата точка против Атлетико Мадрид.
Со овој гол Македонецот донесе изедначување за Леванте во дуелот со актуелниот шампион на Шпанија откако претходно мадридскиот клуб поведе преку Гризман во 12. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА