Барела само сон за Конте: Интер на чекор до продолжување на соработката со Италијанецот

Интер е на чекор до продолжување на соработката со Николо Барела на пет години, пренесуваат италијанските медиуми. Репрезентативецот на Италија е една од желбите на новиот тренер на Тотенхем, Антонио Конте, но се чини дека напаѓачот ќе остане само сон за италијанскиот стратег.

Оваа вест ја потврди и спортскиот директор на Интер, Пјеро Аузилио кој го најави продолжувањето на соработката со напаѓачот пред неделното градско дерби со Милан.

„Со Барела моментално не делат детали и најверојатно ќе го официјализираме договорот пред дербито. Говорам за формални аспекти па потполно сум уверен дека работата ќе биде готова“, вели Аузилио.

Барела е дел од „нероаѕурите“ од септември 2020 година кога на „Џузепе Меаца“ пристигна од Каљари за 35 милиони евра.

Се вчитува...