Барела станува најплатениот италијански играч во Серија А

Фудбалерот на Интер, Николо Барела наскоро ќе потпише нов договор и ќе стане најплатениот италијански играч во Серија А, објавија италијанските медиуми. Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Барела ќе има годишна плата од седум милиони евра заедно со бонуси.

Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2026 година, а директорот Пјеро Аусилио пред неколку дена изјави дека 27-годишниот играч од средниот ред најверојатно ќе потпише нов договор пред неговиот тимски колега Лаутаро Мартинез.

„Газета“ наведе дека Барела ќе потпише договор до јуни 2029 година. Моментално има плата од пет милиони евра годишно, а според новиот договор ќе добива 6,5 милиони, но лесно ќе ги исполни бонусите и ќе достигне седум милиони евра годишно.

Според информациите, најплатен италијански фудбалер во Серија А е Алесандро Бастони од Интер, кој моментално има 5,5 милиони евра по сезона, додека фудбалерот на Јувентус Федерико Киеза има пет милиони евра годишно во Торино.

Се вчитува...