Баричело опериран од тумор: Веднаш знаев дека е многу сериозно

Рубенс Басричело долги години беше дел од Формула 1 шампионатот, а Бразилецот по завршувањето на оваа успешна кариера се соочи со сериозен здравствен проблем, откако беше утврдено дека има тумор во пределот на вратот. Пред два месеци врз Баричело мораше да биде извршен и хируршки зафат, а Бразилецот за телевизијата „Глобо ТВ“ за првпат јавно проговори за целата ситуација.

Едно утро се туиширав во мојот дом, кога почувствував неверојатна болка во главата. Мислев дека ќе ми експлодира, паднав на земја и едвај ја довикнав сопругата да ми помогне. Веднаш знаев дека е нешто сериозно, се јавив на еден добар пријател кој е доктор и тој веднаш посочи за што би можело да станува збор“ – открива Баричело.

Шансите за целосна рехабилитација биле минимални, но поранешниот Ф-1 возач успеал да ги надмине проблемите.

Операцијата беше успешна, бенигниот тумор беше отстранет. Докторите ми рекоа дека само 14% од оние кои го имаат истиот проблем можат да се опорават целосно. Кога се рехабилитирав, многу ми олесна бидејќи стравував за животот, но и од тоа дека повеќе не би можел да се тркам“ – истакнува Баричело, кој по завршувањето на кариерата во Формула 1 сега се натпреварува во „Сток Кар“ шампионатот.

 

Се вчитува...