Баркли: Џордан ја подигна лигата на повисоко ниво, но Меџик и Бирд се најважните личности во историјата на НБА

Од Вилт Чембрлин преку Карим Абдул Џабар и Бил Расел, па се до Мајкл Џордан, Коби Брајант и Леброн Џејмс, НБА е исполнета со легендарни кошаркари кои низ годините ја доведоа лигата до тоа што е денеска. Да се издвои еден е навистина тешко, секој има свој идол, а има и легендарниот Чарлс Баркли кој повторно ја шокираше јавноста во Америка со неговиот избор.

„Меџик Џонсон и Лери Бирд се двајцата најзначајни луѓе во историјата на НБА лигата. Да не беа овие момци, НБА не би била тоа што е денеска“ – изјави Баркли на гостувањето во шоуто кај Џими Кимел.

За поранешниот играч на Филаделфија, Феникс и Хјустон, двајцата великани кои настпуваа во 1979 година се на врвот на листата, а потоа мораше да го дообјасни неговиот избор и зошто во него не го наброја Мајкл Џордан.

„Секако Мајкл Џордан ја подигна лигата на следното ниво, но доволно сум стар да го помнам времето пред Меџик и Лери. Пред нив лигата беше „црна“, во неа имаше премногу дрога, и воопшто не беше исплатлива. Затоа, кога збориме за тоа кој ја „создаде“ лигата, тоа беа Лери Бирд и Меџик Џонсон. Не постојат зборови со кои може да се објасни тоа што они го направија за лигата. ‘Фала’ не е доволно“ – додаде Баркли.

Се вчитува...