Баркли: Искрено не верувам дека има можност сезоната во НБА да продолжи

Се поголем е бројот на аналитичари во НБА кои сметаат дека е многу тешко тековната сезона да го доживее своето продолжени. Откако синоќа поради Ковид-19 беа затворени тренинг камповите на Милвоки Бакс и Сакраменто Кингс, поранешниот кошаркар Чарлс Баркли кој работи како аналитичар за НБА вели дека не верува дека е можно продолжение на сезоната.

„Искрено, верувам дека нема можност сезоната во НБА да заврши. Многу ќе ги изгубат работните места и ќе имаме многу неволји. Готово е невозможно се да иде во нормален тек“, изјави Баркли. 

Претходно на потег да ги затворат тренинг центрите се решија и Денвер, Мајами, Лос Анџелес Клиперс, Феникс и Њу Џерси. 30. јули е терминот предвиден за продолжението на сезоната. Прво, по изменет систем ќе биде комплетиран остатокот од регуларниот дел за да бидат добиени учесниците во плеј-офот. Сите натпревари ќе бидат играни во кампусот на Дизни во Орландо.

Се вчитува...