Баркли направи листа на најдобри во НБА – Прв Џордан, во топ 5 нема место за Коби и за Леброн

Чарлс Баркли направи листа на најдобри кошаркари во историјата на НБА лигата. Најкорисниот кошаркар од 1993 година беше гостин на фејсбук емисија во која домаќин беше легендарниот НЦАА тренер Џон Калипари.

Според Баркли, најдобар кошаркар на сите времиња е Мајкл Џордан. Следен на листата е Оскар Робертсон, а во топ 5 се и Карим Абдул Џабар, Бил Расел и Вилт Чемберлен. Изненадувачки, во топ 5 немаше место за Коби Брајант кој е шести и Леброн Џејмс кој се наоѓа на седмата позиција на листата на Баркли. Во топ 9 уште се наоѓаат и Елџин Бејлор и Џери Вест.

Се вчитува...