Баркли во жестока кавга со Шекил О’Нил за Никола Јокиќ: „Ти се шегуваш…?“ (ВИДЕО)

Сериозна дебата во популарната спортска емисија „Инсајд НБА“ околу српскиот кошаркар Никола Јокиќ и неговиот настап на четвртиот натпревар од финалето на Западот.

Јокиќ одигра слаб натпревар во поразот на Денвер, на што коментаторот на ТНТ, Чарлс Баркли вели дека е уморен.

„Малку е уморен, има премногу задолженија на еден натпревар, тимот зависи од него и нормално е да го достигне заморот. Тој е фантастичен играч, но потроши доста енергија“ – рече Баркли, влегувајќи во конфликт со Шекил О’Нил кој не се согласи со него.

„Ентони Дејвис исто така го носи целиот тим на грб. Па што?“ – рече Шек, налутувајќи го Баркли.

„Ти се шегуваш? Не, Ентони Дејвис нема ниту половина од задолженијата што ги има Јокиќ. Тој мора да оди по секој скок, да асистира, да забива, да игра одбрана, да постигнува поени. Те молам“ – му одговори Чарлс.

„Па, што е тоа чудно. Тоа го прави секој голем играч, и Леброн. Не мислам дека Јокиќ е уморен, кога е во ритам е одличен, но кога мора да седи на клупа седум-осум минути тогаш се губи. Приказните дека е уморен не држат вода“ – истакна О’Нил.

Се вчитува...