Барнли го промовираше Чурлинов, со краток „хорор“ филм: Се плашите ли од Дарко!? (ВИДЕО)

Англискиот чемпионшиплигаш Барнли и официјално го промовираше македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов како свое најголемо засилување за новата сезона.

Чурлинов се раздели со Штутгарт и денеска потпиша четиригодишен договор со Барнли, вреден 5 милиони евра.

Англичаните на специфичен начин го промовираа македонскиот крилен напаѓач, со краток „хорор“ филм и порака: „Се плашите ли од Дарко?“.

Дарко Чурлинов претходно во својата кариера настапуваше и Келн, Штутгарт и Шалке 04 во Германија, a сега доаѓа во Барнли како голема желба на тренерот Винсен Компани.

Се вчитува...