Барнли го шокира шампионот Челси, Руни донесе триумф за Евертон

Актуелниот шампион Челси им приреди шокантен старт на своите фанови на „Стемфорд бриџ“, откако загуби од Барнли со 2-3. Првиот дел беше кобен за тимот на Антонио Конте, а Барнлио постигна дури три гола. Кејхил заработи црвен картон во 14.минута, а Сем Воукс десет минути подоцна ги доведе гостите во водство. По ова, се тресеше мрежата на Куртоа уште двапати. Стефен Ворд во 39.минута зголеми на 0-2, а Воукс во 43.минута приреди неверојатни мигови за своите фанови кои дојдоа на „Стемфорд бриџ“.

Во второто полувреме Челси тргна на се или ништо, Мората намали на 1-3 со својот првенец, Давид Луиз постигна и втор гол, но Челси загуби. А на крајот играше и со девет играчи, со оглед дека исклучување во 81.минута заработи и Цеск Фабрегас.

runi slavi everton

Вејн Руни е херој за својот Евертон, со оглед дека го постигна победничкиот гол против Стоук во 45.минута од натпреварот. Хадерсфилд стартуваше како во бајка во Премиер – лигата, со триумф од 0-3 на гости против Кристал Палас. Стив Муние беше двоен стрелец, а Ворд си постигна и автогол за отворање на серијата голови.

Резултати Англија: Ватфорд – Ливерпул 3-3, Челси – Барнли 2-3, Кристал Палас – Хадерсфилд 0-3, Евертон – Стоук 1-0, Саутемптон – Свонси 0-0, ВБА – Бурнемаут 1-0.

All Goals & highlights HD Chelsea 2-3 Burnley… by livefootball10Wayne Rooney Goal HD – Everton 1-0 Stoke City… by fififilive

Се вчитува...