Барнли не се откажа од Чурлинов, Македонецот сега поблиску до Англија

Англиски Барнли повторно е во „игра“ за потпис на Дарко Чурлинов. Денеска медиумите во Англија јавуваат дека Барнли повторно ги интензивирала преговорите со Македонецот, со што сега крилото е поблиску до Англија.

Барнли беше заинтересиран за Чурлинов пред две недели, и тогаш се водеа преговори. Потоа се појави информација дека тимот не е подготвен да плати отштета колку што бара Штутгарт, и се појави Андерлехт како фаворит за неговиот потпис.

Сепак, белгискиот тим додека преговара, Барнли повторно се вклучи, и сега ја презеде трката за ангажман на Чурлинов.

Според информациите, Македонецот за околу три милиони евра би требало да се пресели во членот на Чемпионшип предводен од Винсент Компани.

Се вчитува...