Барселона веќе го потпиша Ентони Гордон од Њукасл, додека Карим Адејеми пристигна во каталонската престолнина, на лекарски прегледи и потпис со овој фудбалски гигант.
Преговорите со Атлетико Мадрид за Хулијан Алварез очеувано се одолговлечени, а во меѓувреме тренерот Ханси Флик инсистира и на ангажман на нов дефанзивец, играч што би бил стандарден во срцето на одбраната на Барса крај младиот Пау Кубарси. Како што информира каталонскиот весник „Спорт“, директорот Деко има две опции, и тоа Кристијан Ромеро од Тотенхем и Ејмерик Лапорт од Атлетик Билбао.
Лапорт делува како попримамлива опција, впрочем тој функционира беспрекорно крај Кубарси во шпанскиот национален тим на овој мундијал. Сепак, проблем претставува фактот дека има уште две години од договорот со Атлетик Билбао, а клубот од Баскија традиционално е исклучително тежок за преговарање за своите најдобри фудбалери.
Доколку не најдат заеднички јазик за Лапорт, каталонците наскоро ќе почнат преговори со Тотенхем за Ромеро. Неофицијално, Аргентинецот минатото лето добил ветување дека ќе може да ги смени клупските бои за симболична отштета не повисока од 20 милиони евра, на една година пред истекот на договорот со „спарси“.
Едно е јасно, Барса ги пополнува „дупките“ што ги забележа тренерот Флик во текот на ланската сезона, се со цел да биде формиран уште посилен тим со кој ќе се атакува на трофејот во ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
