Барса без главните „ѕвезди“ во Виго

Барселона ќе биде значително ослабена за денешниот дуел од Копа дел реј против Селта откако тренерот Ернесто Валверде реши клучните играчи воопшто да не патуваат за Виго.

Имено, Лионел Меси, Луис Суарез и Андрес Иниеста не се најдоа на листата на патници за ова гостување, како уште еден доказ дека во купот планира шанса да им даде на своите резервни фудбалери. Впрочем, патникот во следната рунда ќе се решава на реваншот на „Камп ноу“, каде Валверде би можел да смета на своето ударно трио доколку има потреба од такво нешто.

Голема новост за Барса е враќањето на Осман Дембеле, кој по тримесечна пауза конечно ќе може да ги покаже своите квалитети во дресот на каталонскиот гигант, по трансферот од редовите на Борусија Дортмунд.

Се вчитува...