Барса без најдобрите до реми во Виго

Селта и Барселона ремизираа 1-1 во првиот осминафинален натпревар во Копа дел реј, по што патникот во следната рунда ќе биде решен на реваншот што ќе се игра на „Камп ноу“. Ернесто Валверде реши да ги одмори своите клучни играчи, па во Виго допатува без Меси, Иниеста и Суарез, но и со комбиниран тим успеа да остане непоразен и да направи чекор напред кон четврт-финалето.

Младиот Арнаиз доби ретка шанса да го предводи нападот на каталонците и веднаш се запиша меѓу стрелците за водство од 0-1, а израмнувачкиот погодок за Селта го постигна Систо во 31. минута.

И двата тима имаа свои шанси за победа во второто полувреме, најубавите ги пропуштија гостите откако Денис Суарез од пет метри биеше крај дирекот, додека ударот на Бускетс заврши само во гредата. Мора да се истакне дека последните дваесет минути од оваа средба ги одигра и Осман Дембеле, за кого ова беше камбек на терените по четиримесечна пауза.

Се вчитува...