Барса без тројца првотимци на дербито со Севилја

Барселона ќе биде сериозно ослабена на утрешното дерби против Севилја откако беше обелоденето дека тројца стандардни првотимци воопшто нема да патуваат за Андалузија.

Самуел Умтити по жолтиот картон на последниот меч со Леганес е суспендиран и нема да настапи во Севилја, додека Серхио Роберто и Френки де Јонг поради повреди нема да бидат дел од овој меч.

Десниот бек и холандскиот плејмејкер не успеаја да ги минат денешните последни тестови, по што тренерот Сетиен реши тие воопшто да не отпатуваат за Севилја. Местото на Роберто ќе му припадне на Семедо, додека шанса од првата минута во средниот ред ќе добие Артуро Видал.

Се вчитува...