Барса би сакала да живее во минатото: На „Паркот на Принцовите“ со мислите на 2017 година

Петкратниот освојувач на Лигата на Шампионите, Барселона е на прагот на елиминација од големото натпреварување откако по првиот натпревар од осминафиналето против ПСЖ, кој беше одигран на „Камп Ноу“ има негатива од 4-1.

На избраниците на Куман им е потребно чудо за да се најдат во следната фаза, но каталонците добро го помнат мечот од пред четири години кога „небото се отвори“ над домот на Барса, а тимот од Блауграна славеше со 6-1, со што се пласира во четвртфиналето од ЛШ и покрај поразот од 4-0 на гостувањето во Париз.

Барселона овој пат нема да го има на располагање Нејмар кој беше во главната улога во историскиот пресврт на каталонците. Бразилецот сега е во редовите на „Светците“, но ни голгетерот нема да може да му помогне на својот тим поради повреда.

Традицијата не е на страната на ПСЖ, кој без услугите на Бразилецот не успеа да ја помине осминафиналната пречка, но тимот од Париз помина низ процес на созревање и време е со новиот предводник, Килијан Мбапе да го земе приматот од големата Барселона која се наоѓа во период на смена на генерации.

Невозможната мисија на каталонците е со почеток од 21 часот, а дали ќе бидеме сведоци на нова сензација, останува да видиме.

Се вчитува...