Барса доминира, го совлада и ПСЖ среде Франција

Барселона продолжи да доминира во својата група од Лигата на шампионите откако каталонскиот гигант вечерва славеше и на гостувањето против големиот ривал ПСЖ со резултат 32-35. Раул Гонзалес се надеваше дека ќе им се реваншира на каталонците за поразот во Шпанија пред два месеци, но наместо тоа Барса одигра уште еден перфектен офанзивен натпреваар и заслужено стигна до победата.

Пресуден беше финишт на мечот, бидејќи ПСЖ имаше водство од 31-30, но Барселона го заврши натпреварот со серија од 1-5 и стигна до голема победа, за задржување на првото место во групата. Каталонците сега имаат осумнаесет бода, пред Пик Сегед со 17 и ПСЖ со 16 бода.

Палмарсон и Циндриќ беа најефикасни со по шест погодоци за Барселона, пет постигна Дика Мем, додека први стрелци на ПСЖ при денешниоот пораз беа Сагосен со осум и Хансен и Карабатиќ со по шест гола.

Се вчитува...