Барса е моќна, „седумка“ доби Вардар на полувреме (16-9)

ЕКИПА во Келн,

Катерина Павлова Николовска

Вардар е во негатива од седум по воведните 30 минути од полуфиналната пресметка со Барселона на Ф4 турнирот во ракометната Лига на шампионите во Келн. Шпанците водат со 16-9 на полувремето.

Барселона трпеливо ја гради предноста, со изградени напади и користејќи ги сите технички грешки на Вардар. Милосављев е во многу добро издание, но македонскиот првак засега не го покажува вистински потребното издание. Вардар беше само на еден негатива на средината од полувремето, 7-6 беше во 16. минута, но веќе во 24.минута, шпанскиот тим побегна на високи шест гола предност (14-8).

Дејан Милосављев е одличен на голот на Вардар, веќе на паузата има 13 одбрани. Криштопанс со три гола засега е прв стрелец.

Победникот од овој меч во финалето ќе игра против Веспрем, поразениот за третото место ќе се бори со Киелце.

 

Се вчитува...