Барса е најголема жртва на СП во Египет

Барселона е најголемата жртва на СП во Египет. Тренерот на Каталонците Чави Пасквал има големи проблеми пред продолжението на сезоната во Лигата на шампионите. Арон Палмарсон се повреди на подготовките за светското првенство поради кои не можеше да му помогне на Исланд. Лука Циндриќ заработи повреда на стартот на шампионатот.

По враќањето од Светското првенство Блаж Јанц пријавил дека има проблеми со мускулот на левата нога, а на листата на повреди се приклучи и ѕвездата на Франција, Тимоти Н’Гесан кој поради повреда не можеше да и помогне на својата репрезентација во последните два натпревари на шампионатот.

По враќањето во Барселона дополнителните прегледи покажале дека поради повреда на мускулот на десната нога тој ќе мора да биде надвор од терените шест недели. Барселона веќе во четврток ја чека тежок натпревар во Лигата на шампионите, каде во Унгарија ќе му гостува на Веспрем.

Се вчитува...