Барса е упорна, испрати нова понуда за Кутињо

Каталонскиот гигант Барселона се наоѓа во незавидна позиција, и сака да го засили својот ростер на самиот истек од летниот преоден рок. Во Шпанија, крајниот рок за комплетирање на новите засилувања е вечерва на полноќ, а Барселона е упорна во намерата да го ангажира Фелипе Кутињо. Иако доби неколку „корпи“ од раководството на Ливерпул, сепак на адресата на „Енфилд роуд“ пристигна уште една нова понуда.

Барселона е подготвена да плати 140 милиони фунти до крајот на денот за да го купи играчот за врска на англискиот премиерлигаш. Кутињо покажа дека е во одлична форма откако постигна погодок за селекцијата на Бразил на квалификацискиот дуел против Еквадор.

Каталонците ќе работат паралелно на неколку фронта до доцна навечер, бидејќи сакаат да доведат најмалку уште две засилувања. Опции за играч од средниот ред се Фелипе Кутињо и Месут Озил, додека Ернесто Валверде посакува и крилен напаѓач, а ќе се обиде да доведе еден од Анхел Ди Марија или Ријад Марез.

Се вчитува...