Барса едвај врзува „крај со крај“: Пике ја намали платата, за да бидат регистрирани новите засилувања

Финансиската состојба на Барселона се наоѓа на работ на колапс, а заминувањето на Лео Меси воопшто не ги намалува главоболките на претседателот Жоан Лапорта.

Каталонците имаа проблем бидејќи буџетот на плати ја надминува границата поставена од Ла Лига, па затоа не можеа да бидат регистрирани новите засилувања. Спасител во целата ситуација е Жерар Пике, кој се согласи на значително намалување на својата плата, по што Барса конечно ги регистрираше Мемфис Депај, Ерик Гарсија и Реј Манај, за овие тројца да можат да бидат во комбинација за настап од самиот старт на сезоната.

Каталонскиот гигант јавно му се заблагодари на Пике за покажаната лојалност и укажаната помош кога му е најпотребно на клубот. Воедно, клубот објави дека во позитивна насока одат и разговорите на иста тема со Бускетс и со Алба, кои наскоро би требало да ги следат стапките на Пике за да дадат свој придонес клубот да излезе од незавидната финансиска состојба.

Се вчитува...