Барса ги казни промашувањата на Реал Сосиедад

Барселона ја продолжи победничката серија во „Ла Лига“, откако каталонскиот гигант стигна до цел плен и на незгодното гостување во Сан Себастијан, труимфирајќи над Реал Сосиедад со 1-2.

Избраниците на Ернесто Валверде се соочија со огромни проблеми во првото полувреме, особено откако домаќините први поведоа преку Елустондо. Барса се мачеше да влезе во ритам, а не беа досудени и два пенали за каталонскиот гигант, откако беа прегледани и со ВАР-технологија. При резултатот 1-0 домашниот тим не искористи и одлична шанса да постигне втор гол од контранапад, но обидот на Ојразабал беше непрецизен.

И потоа, два гола за четири минути и целосен пресврт. Голманот Рули во 63. и во 66. минута имаше неспретно излегување, а Суарез и Дембеле го казнија тоа и ја затресоа неговата мрежа, носејќи ја Барселона во водство. Реал Сосиедад имаше одлична можност за израмнување, но обидот со глава на Хуанми заврши за малку крај голот на Тер Штеген.

Се вчитува...