Барса го доведе „мозокот“ на Жалгирис

Барселона доведе големо засилување за наредната евролигашка сезона откако каталонскиот гигант денеска потпиша двогодишен договор со Кевин Пангос. Канадскиот плејмејкер, кој поседува и словенечки пасош, доаѓа од редовите на Жалгирис, каде лани беше клучен играч во извонредната сезона на литванскиот гигант, кој дотурка и до место на фајналфор турнирот.

За Пангос овој трансфер ќе претставува враќање во Шпанија, каде претходно има настапувано за екипата на Гран Канарија. Одличниот плејмејкер на Ф4 турнирот во Белград имаше просек од 12,7 поени и 5,9 асистенции по натпревар, со 47,5% шут за три поени.

Следно засилување за Барселона се очекува да биде украинскиот центар Артем Пустовји, за кого преговорите со Обрадорио се наоѓаат во завршна фаза.

 

Се вчитува...