Барса го купува Рабио за 5 милиони евра

Францускиот фудбалер Адриен Рабио најверијатно уште од јануари да се пресели на „Камп Ноу“. На Рабио договорот со ПСЖ му истекува наредното лето, бидејќи одби да ја продолжи соработката, на крајот од сезоната тој ќе може да го напушти тимот како слободен играч. Но, парискиот клуб сигурно ќе се обиде да заработи барем нешто на својот фудбалер.

Барселона е заитересирана да го донесе Рабио уште во јануари, а ПСЖ за да го ослободи од обврските од каталонскиот клуб бара пет милиони евра и се поизвесно е дека деновиве трансферот ќе биде и официјално реализиран.

Рабио наводно веќе ги договорил условите со Барселона и на „Камп Ноу“ ќе заработува по 10 милиони евра годишно, а договорот ќе биде потпишан на пет години.

Се вчитува...