Барса го освои „Гампер купот“: Шоу на Мемфис Депај за триумф над Јувентус (видео)

Барселона триумфираше на „Гампер купот“ против Јувентус со 3-0, на денот на кој Лео Меси и официјално се збогуваше од каталонскиот гигант. Во главна улога беше Мемфис Депај, кој со еден гол и една асистенција ја предводеше Барса до оваа победа.

Избраниците на Роналд Куман одиграа подобар меч од „старата дама“ и заслужено славеа, но работата им беше значително олеснета со раниот гол што Депај го постигна по само неколку минути игра. Јувентус го почна мечот со тандемот Роналдо – Мората во нападот, но италијанскиот гигант се мачеше да влезе во својот препознатлив ритам.

На 2-0 во второто полувреме зголеми Бреитвајт по корнерот што го изведе Депај, а конечните 3-0 беа дело на младиот Пуиг.

Се вчитува...