Барса го понижи „Вујо Мајсторе“, Порто го изненади Кјелце

Веселин Вујовиќ имаше кошмарен камбек на клупата на Загреб откако загуби на домашен терен од Барселона со преубедливи 19-36. Хрватскиот тим имаше само едно водство од 2-1, по што следеше серија на каталонскиот гигант од осум гол, по што предноста на гостинскиот состав се зголемуваше се до крајот на мечот.

Алеиш Гомез со осум и Андерсон со шест гола беа најефикасни во победничкиот тим. Загреб по првите три кола има исто толку порази, а Вујовиќ дефинитивно ќе мора многу работи да менува во пресрет на следниот натпревар, гостувањето против германскиот првак Фленсбург.

Големо изненадување се случи во групата на Вардар, откако Порто успеа да го земе скалпот на Кјелце триумфирајќи со 33-30. Душебајев постигна шест, а Карачиќ четири погодоци за полскиот шампион, што сепак се покажа недоволно за позитивен резултат во Португалија.

Се вчитува...