Левиот бек Лукас Диње го напушти таборот на Барселона од американската турнеја и се упати назад кон Европа, за да го комплетира трансферот во Евертон вреден 20 милиони евра. Англискиот премиерлигаш десетина дена преговараше со Барса за францускиот дефанзивец, за управата на каталонскиот гигант по пристигањето од Лос Анџелес во Далас да му соопшти на Дињ дека се е договорено, давајќи му зелено светло за преселба во Англија.
Останува само уште Французинот да ги мине лекарските прегледи, по што и официјално ќе потпише четиригодишен договор со тимот од „Гудисон парк“.
Барселона во следните неколку дена ќе ја комплетира и продажбата на десниот бек Алеиш Видал, кој се наоѓа пред камбек во Севилја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА