Барселона по Лионел Меси ќе остане без уште едно звучно име во нападот откако каталонскиот гигант влезе во завршна фаза од преговорите за продажба на Антоан Гризман во Атлетико Мадрид.
Првите информации говореа дека Гризман е понуден во размена за Жоао Феликс, но откако Атлетико ја отфрлил оваа опција почнати се разговори за трансфер на францускиот голгетер назад на „Ванда Метрополитано“. Барселона барала 50 милиони евра за фудбалерот што пред две години го плати 120 милиони, но Атлетико ја одбил и оваа опција. На крајот, се очекува двата тима да се договорат за едногодишна позајмица, со тоа што мадридскиот клуб ќе биде обврзан следното лето целосно да го откупи неговиот договор со каталонците.
Барса веќе има подготвено и ангажман на нов голгетер кој би дошол во „пет до дванаесет“ пред истекот на преодниот рок во Шпанија. Станува збор за Лук де Јонг од Севилја, за кого веќе е постигнат начелен договор и се чека само продажбата на Гризман за тој да потпише со Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА