Барса го растури Макаби, Црвена звезда во лузерска серија

Избраниците на Сито Алонсо вечерва ја надиграа екипата на Макаби, во големото дерби славеа со огромни 89-67 (22-11, 22-13, 22-20, 23-23). Барса по две четвртини го онеспособи израелскиот тим, веќе имаше сигурни 20 поени предност, а до крајот на средбата само ја одржуваа во своја корист разликата, која за кошаркарите на хрватскиот стратег Невен Спахија се чинеа недостижни. Копонен и Сандерс ја беа неприкосновени од линијата за три поени. Aмериканецот шутираше имаше импресивни 18 поени со реализирани 6/9 за три, Норвежанецот ги погоди сите четири обиди за тројка, па заврши со 20 поени.

Јадранскиот шампион Црвена звезда нанижа четири порази во низа во Евролигата, откако Басконија триумфираше во салата „Александар Николиќ“, во драматичната пресметка со резултат од 81-85  (17-22, 21-25, 19-17,24-21). „Црвено-белите“ беа во негатива се до последната четвртина, успеаја да се вратат за драматичен крај во Белград,  но сепак кошаркарите на Алимпијевиќ имаа неуспешен обид да направат пресврт со која би ја прекинале „црната“ серија во европското натпреварување. Матија Лесорт беше најекифасен во домашниот состав со 19 поени, Добриќ имаше импресивни 17 поени за 20 минути поминати на паркетот. За екипата на Басконија најрасположен беше Воигман со 17 поени, а Шенгелија беше неприкосновен од поле со 100% учинок (6/6), заврши со 16 поени и осум скока.

georgios-printezis-olympiacos-piraeus-eb17

Олимпијакос сепак извлече победа од гостувањето во Милано со резултат од 86-85 (17-21, 29-21, 20-20, 20-23). откако грчкиот состав можеше да „прокоцка“ навидум сигурна победа против Арамни. Олимпијакос водеше речисе целиот меч, додека домашната екипа успеа да креира неизвесна завршница. Меклин и Робертс беа наејфикасни за грчкиот состав, со 22, односно 18 поени, додека во тимот на Милано најсветла точка беше „македонецот“ Џордан Теодор со 20 поени и четири асистенции.

Екипата на Бросе бамберг благодарение на Рики Хикман им го нанесе петтиот пораз во низа на шпанскиот првак Валенсија, во драматичниот меч со резултат од 83-82 ( 20-23, 21-24, 11-19, 31-16). Домашниот состав во последната четвртина влезе со негатива од -16, но со 31 поен за 10 минути оствари пресврт и значајна, петта победа сезонава. Американецот на две секунди до крајот реализираше три слободни фрлања, а Сан Еметерио беше непрецизен од линијата за три поени.

Жалгирис каунас се врати на победите откако на свој терен го совладаа составот на Анадолу ефес со резултат од 91-83 (22-26, 25-18, 19-17, 25-22). Литванците беа изненадени на стартот откако го загубија првиот период, но ги освоија следните три, и ја обезбедија четвртата победа за оваа сезона. Улановас и Јанкунас ги предводеа домаќините со 22, односно 17 поени, додека Брајант Данстон се издвои како најефикасен во тимот на Анадолу со 17 поени и шест асистенции.

РЕЗУЛТАТИ ЕВРОЛИГА:

Барселона – Макаби 89-67

Црвена звезда – Басконија 81-85

Армани Милано – Олимпијакос 85-86

Бросе бамберг – Валенсија 83-82

Жалгирис каунас – Анадолу ефес 91-83

Се вчитува...