Барса го задржа фантастичниот Блаж Јанц

Барселона летово остана без Дика Мем, но каталонскиот гигант успева да ги задржи останатите клучни играчи од ростерот што стигна до титулата европски првак пред десетина дена.

По Лудовик Фабрегас и Тимоти Нгесан, нов договор со Барса денеска потпиша и Блаж Јанц, извонредниот словенечки ракометар кој е важна алка во составот на тренерот Ортега.

За Јанц имаше понуди од уште неколку клубови од Лигата на Шампионите, но Словенецот не ја криеше желбата да остане во Барса и потпиша нов договор, со важност до јуни 2030 година.

Словенецот, кој одлично се снаоѓа и како десен бек и како десно крило, кариерата ја почна во тимот на Целје каде насапуваше до 2017 година,кога се пресели во Киелце.

Тој е член на Барселона од 2020 година и веќе освои четири титули европски првак со каталонскиот гигант.

Се вчитува...